Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри обвинувања до поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека се директно вплетени во случаите со запленетата марихуана. Според Петрушевски, паничните реакции на Заев на социјалните мрежи се јасен доказ дека тој се чувствува „разоткриен“.

„Факт е дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе блиски до Заев. Станува збор за Тони Котев (М’гчев), поранешен претседател на СДС во Ново Село, кој тесно соработува со Вице Заев. Владата на СДС креираше правила по своја мерка за да доделува бизниси на свои луѓе под параванот на медицински канабис“, изјави Петрушевски.

Exit mobile version