Петрушевски за Љупчо Николовски: Или си политички неписмен или работиш на штета на македонските интереси

Пендаровски и Ковачевски да кажат, дали Љупчо Николовски е дел од структурите кои шират антимакедонско расположение во односите со Бугарија, реагира Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, откако министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Николовски го обелодени преку ФБ името на македонскиот полицаец којшто беше нападнат од Бугари на Деве Баир.

„Неколку часа по јавно објавената понуда од страна на претставник на бугарско здружение, за награда за секој еден кој ќе го каже името на еден од полицајците кој вчера си ја вршеа работата на граничниот премин Деве Баир, Љупчо Николовски напиша фејсбук статус со кој го обелодени неговото име, и го стави на мета на бугарските шовинисти.

Дали Љупчо Николовски е политички неписмен или свесно го пиша името на полицаецот кој на 4 ти февруари работел на ГП Деве Баир?

Доколку е неписмен, тој треба да си замине од политиката, доколку пак свесно го објавил, исто така треба да си замине зошто работи на штета на сопствената држава“, пишува Петрушевски на ФБ.

„Николовски за да ја прикрие неговата намера може да каже дека службеникот му е другар, и да вади фотографии или да побара да се фотографира со службеникот, кој достојно си ја вршеше работата, но тоа нема да ја смени реалноста дека или е политички неписмен или работи против македонските интереси“, додава Петрушевски.

05.02.2023 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега