Петрушевски: Уставни измени под бугарски диктат нема да има
Се виде на 18 август единството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за дневниот ред за уставните измени и таа тема е затворена. Остануваме на ставот дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Сите јалови обиди дали преку странство, дали преку домашни и сегашни или минати политичари се залудни, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски за Анализа на ТВ24.
Петрушевски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било поединствено, 80% од населението никогаш не било погласно дека овие уставни измени се непотребни.
- Дополнителен аргумент дека сме било во право е денешниот документ од француско-германските експерти каде разработија студија со која треба да се реформира ЕУ и пристапниот процес и да се укине правото за вето, што е аргумент дека сме во право дека ваквата преговарачка рамка и договор кои ги прифати СДС се штетни. Нови ветришта дуваат во ЕУ и ако ова помине ќе има сосема нова ситуација, ова преговарачка рамка и процес и нема да биде вака како што СДС прифати, рече Петрушевски.
Петрушевски истакна дека тоа што е важно за нас во тој документ за реформи на ЕУ се поклопува со барањата на ВМРО-ДПМНЕ, се зголемуваат фондовите за земјите кои пристапуваат, а тоа што е најважно воведување на квалификувано мнозинство и се исклучува можноста за вето и во целост ќе се смени процесот на пристапување.
Паѓа во вода тоа што СДС го кажува, не ги предвиделе процесите и прифатија договор штетен на интересите на македонскиот народ, изјави Петрушевски.
Во однос на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за германски ФАЦ, Петрушевски нагласи дека изјавата е доволно јасна.
- Нема што да се додаде, јасна е изјавата на претседателот Мицкоски. И се ова што се случува деновиве укажува дека се случуваат одредени дилови во позадина, кои се апсолутно непринципиелни. Се случуваат работи кои не можеме да ги поминеме и да кажеме дека се коинциденција, изјави тој.
Петрушевски додаде дека друг доказ за тоа е спроведувањето на делото, пред се на измените во Кривичниот законик со кој се амнестираат одредени функционери и сегашни и од минатото, но и идни.
- Мислам дека се наоѓаме пред сериозен период во државата, можеби пресуден за иднината на Македонија, нагласи Петрушевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа