Close Menu
Press24
    Најново

    Примена на намалена стапка на ДДВ за горива од 18% на 10% – задолжително усогласување на фискалните системи

    23.03.2026 во 17:17

    Муцунски на средбата со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

    23.03.2026 во 17:06

    Фудбалски тренер од Куманово претепан среде натпревар – го нападнале татко и син

    23.03.2026 во 16:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Примена на намалена стапка на ДДВ за горива од 18% на 10% – задолжително усогласување на фискалните системи
    • Муцунски на средбата со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес
    • Фудбалски тренер од Куманово претепан среде натпревар – го нападнале татко и син
    • Министерот Алиу на средба со Националната алијанса за ретки болести – со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести
    • Скандал во регионот: Жив пациент прогласен за мртов
    • СДСМ: Се потврди дека мерката на Мицкоски нема ефект- дизелот поскапе и достигна 95,5 денари
    • Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос: Владата е целосно мобилизирана за ЕУ реформите
    • Седнале зад волан без дозволи и со забрани – Уапсени 11 возачи, полицијата прави „чистка“ на патиштата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: СДСМ не знае што сака, еднаш вели добро е линеарно покачување, другпат пензиите треба да се покачуваат процентуално

    Петрушевски: СДСМ не знае што сака, еднаш вели добро е линеарно покачување, другпат пензиите треба да се покачуваат процентуално

    20.11.2025 во 16:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието каде се осврна на опозициската СДСМ, при што истакна дека истата нема јасен став за линеарното зголемување на пензиите, со оглед на тоа што еден ден го поддржуваат, друг ден го критикуваат.

    ,,Очигледно е молчењето на СДСМ, кое што е стратегија откако влетаа во офсајт. Дали СДСМ и пратениците на СДСМ, го поддржуваат линеарното зголемување на пензиите кое што го направи оваа Влада, или не го поддржуваат? Затоа што доаѓаа какафонични изјави. Еден ден излегуваат и велат дека тоа е добро, друг ден доаѓа пратеник и објаснува како тоа не било добро, како тоа била дискриминација на оние кои што земале поголеми пензии“, рече Петрушевски.

    Петрушевски побара некој од партијата да излезе и да каже јасен и официјален став.

    ,,Убаво  е да излезе некој и да одговори кој е ставот на СДСМ, со оглед на актуелноста на темата и она кое што овој период се случува во Уставниот суд, а тоа е преиспитување на уставноста на оваа одлука. Замислете, почитувани граѓани пред се, преиспитувањето на одлуката е дали било дискриминација на оние пензионери кои што земале големи пензии, затоа што не добиле процентно поголеми суми, а овие биле повластени со маливе пензии, затоа што добиле два пати по 5000 денари“, кажа Петрушевски.

    Според него, апсурдно е што Уставниот суд преиспитува дали постои дискриминација, а и како што вели, постојат повеќе врски меѓу СДСМ и оваа одлука за приспитување.

    ,,Замислете го апсурдот на ова, преиспитување на ова, преиспутвање на одлука, која што патем речено е директно поврзано со СДСМ од неколку апсекти. Прво, видовме овде како пратеници на СДСМ, ја бранеа Кацарска,  која што е судија известител,  а меѓу другото, позната е по тоа што се изучува на меѓународни факултети како не треба да се суди еден предмет, и која што молсаквично напредуваше во својата кариера за време на СДСМ после оние монтирани случаи“, истакна Петрушевски и додаде:

    ,,Неколку врски има меѓу СДСМ и оваа одлука за преиспиутвање од страна на Уставниот суд. Така што мора да знаеме дали СДСМ мисли дека ова зголемување на пензиите не е добро“.

    Популарно

    Примена на намалена стапка на ДДВ за горива од 18% на 10% – задолжително усогласување на фискалните системи

    23.03.2026 во 17:17

    Муцунски на средбата со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

    23.03.2026 во 17:06

    Фудбалски тренер од Куманово претепан среде натпревар – го нападнале татко и син

    23.03.2026 во 16:56

    Министерот Алиу на средба со Националната алијанса за ретки болести – со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести

    23.03.2026 во 16:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.