Владеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите, објави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил.
Владеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите.
Проектот „Безбеден град“ е доказ дека кога има политичка волја, професионална работа и примена на современа технологија, државата може да функционира. Кога законите важат еднакво за сите, резултатите не изостануваат.
Затоа врхушката на СДС се спротивставува на сѐ што е успех. Нив ги плашат функционални институции. Тие впрочем ги градеа институциите за да можат ним да им бидат потчинети. Нив ги плаши Македонија и граѓаните да успеат.
Затоа се талог и се наоѓаат на дното. На талогот во општеството не му одговараат победи, чесност, работа и систем на право и правда. Во таков систем никогаш нема да се вратат на власт, туку ќе завршат зад решетки. Затоа наместо политика и идеи, продаваат цинизам, песимизам, и недоверба кон иднината, бидејќи сакаат да го убијат духот на народот, на овој народ кој бил непокорен и кој се борел за слобода и своја држава.
Нема да успеат! Македонија оди напред. Ќе победи работата. Ќе победи правдата“.


