„СДС и ДУИ не мируваат ниту еден ден кога станува збор за тендери, набавки, менување на ДУП-ови, криминал или корупција“, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на прес-конференцијата денеска.
„СДС и ДУИ за лични бизнис интереси, го дадоа просторот на ШИК Јелак во Тетово на фирмата „Јелак Градба“ во сопственост на Дака, за тој таму да гради над 2.000 станбени единици, со тогашна вредност од над 200 милиони евра“, додаде Петрушевски.
„СДС и ДУИ за да можат да лапнат што повеќе од колачот, овозможија на прорускиот бизнисмен и човек на црната листа, Миодраг Давидовиќ Дака да гради бетонска џунгла во Тетово“, посочи Петрушевски.
„ЈО никогаш не го истражи овој случај, а и случајот за тоа каде завршиле тие 300.000 евра кои Дака вели дека му ги дал на Заев, преку Кичеец“, заклучи Петрушевски.
