Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати сериозни обвинувања до опозициската СДС, тврдејќи дека партијата прави сè за да го заштити поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Според Петрушевски, во СДС владее паника од евентуалното сведочење на Груби за периодот додека беа заедно на власт.

„СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче. Свесни за тоа што се може да сведочи Груби, во страв и паника го бранат криминалот на првиот вицепремиер на владата на СДС и ДУИ, па дури и се спремни да се жртвуваат за него“, изјави Петрушевски.

Тој се повика на изјавата на потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, која истакна дека одлуката за која е осомничен Груби била колективна на тогашната влада. Петрушевски прашува дали функционерите на СДС се спремни да се жртвуваат само за Груби да не ги открие другите наводни криминали. „Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?“, праша пратеникот, додавајќи дека истрагата мора да оди до крај.

Exit mobile version