Петрушевски: Има сомнеж за криминал од над 200 илјади евра на Клиниката за детски болести

 


СДС и ДУИ на здравството гледале како на поле за испумпување на пари, изјави на денешната прес-конференција Бране Петрушевски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Извештајот на ДЗР за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година, има сомнеж за криминал од над 200 илјади евра, истакна Петрушевски.

„Имено според Извештајот на ДЗР на 01.01.2022 година, вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката е за 13.9 милиони денари помала од вредноста искажана во сметководствената евиденција, додека на крајот на годината бил помал за 12 милиони денари.

Зошто се јавува толку голема разлика во материјалната во споредба со сметководствената евиденција?

Дали и каде завршиле над 200 илјади евра?

Ова е само од една здравствена установа за една година. Што правеле СДС и ДУИ во останатите здравствени установи во текот на целото владеење?

 

ЈО да не чека и врз основа на Извештајот на ДЗР да отвори постапка. Одговорност мора да има“, посочи Петрушевски.

11.11.2024 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега