Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција истакна дека паниката и хистеријата што ги шират лидерот на СДС, Венко Филипче, и раководството на партијата се резултат на лошата состојба во опозицијата.
Тој нагласи дека Филипче не може реално да расудува и дека одбива да прифати каков било напредок или идеја за подобрување на стандардот на граѓаните. Според Петрушевски, претседателот на СДС ја префрла вината врз владејачката партија за сопствените внатрепартиски проблеми.
„На Филипче ВМРО-ДПМНЕ му е виновно за се, дури и за случувањата во неговата партијата.“
На крајот, Петрушевски порача дека владејачката партија продолжува со грижата за граѓаните, додека на опозицијата и препорача да се откаже од секојдневните напади.
„ВМРО-ДПМНЕ како партија која сега ја предводи Владата може само да продолжи со грижа за граѓаните, а Филипче добронамерно го советуваме – очајот и нападите да ги остави на страна. На Македонија и треба силна опозиција, а не како што е сега СДС, партија на која ВМРО-ДПМНЕ и е виновна за се.“


