Вечерва го гледав интервјуто на Филипче на Канал 5. Видно нервозен, конфузен и без одговор на суштинските прашања. Наместо да објасни зошто по скандалот со запленетата марихуана заминал во Грција на „консултации“ кај неговиот ментор Заев, реши да глуми жртва и да пласира приказни дека некакви служби го следеле, прашувајќи од каде сум знаел за неговите движења, пишува на ФБ пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Да бидам јасен, нема потреба од никакви служби. Филипче е доволно препознатлив јавен функционер за граѓаните сами да информираат каде и со кого е виден.

Но да зборуваме за суштината.

Филипче и неговиот ментор Заев креираа систем што овозможи хаос во регулацијата на производството на канабис.

Затоа Филипче наместо да глуми жртва, нека одговори:

– Зошто како министер за здравство, заедно со Заев, овозможиле измена на правилник во колизија со закон и отворија простор за нелегално производство на канабис?

– Колку тој лично, а колку неговиот ментор Заев профитираа од тој бизнис?

– И зошто секогаш кога ќе се отвори афера за него, првата реакција му е паника и обвинување на други, а не одговорност и отчет?, прашува Петрушевски.

Exit mobile version