Петрушевски: Димовски на чело на АНБ дојде како чисто партиско решение
„Виктор Димовски беше член на ИО на СДС, долги години беше во голем број партиски комисии и совети. Тој на чело на АНБ дојде како чисто партиско решение“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС наместо да ја професионализира службата, ја партизираше, дополнително на тоа шиканираа професионалци и избркаа од АНБ се што не е во нивната матрица.
СДС спроведе хајка во службите, и наместо институции за почит, добивме институции на кои им се случија низа пропусти како издавање пасоши на над 20 нарко босови од регионот и светот, кое траело со години, без никој да го примети или спречи.
Видовме кои се последиците од лошото владеење на СДС со државата и управувањето со службите.
Заврши времето на партизација на службите. Следува ново време на промени и професионализација“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа