Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе тешки обвинувања на сметка на претходното раководство на СДСМ, тврдејќи дека во 2023 година бил донесен нелегален Правилник за медицински канабис. Според Петрушевски, со овој акт свесно било дозволено одгледување марихуана на отворен простор, иако законот предвидува производство исклучиво во затворени простории.
Петрушевски директно ги посочи Зоран Заев и Венко Филипче како инспиратори на овие измени.
„Вака произведениот канабис на нива не ги задоволува медицинските норми и не може да се користи за лекување. Сомнежите се дека овие измени се направени со умисла за марихуаната да заврши на црниот пазар. Дали поради ова е паниката кај Заев и Филипче и нивната итна координација во Грција?“, праша Петрушевски.


