Јас во животот сум присуствувака на многу комеморации, првото она што недостигаше денеска во собраниската сала беа фотографиите на загинатите. Не сакам да навлегувам во детали не сум била дел од организацијата. Но дали имало пропусти од ова што кажуваат родителите да имаше, но јас не верувам дека биле намерни и јас би можела лично од мое име како пратеник како една од 120 да се извинам на родителите и да знаат дека не ни беше целта никого да навредиме, изјави за 24 Анализа вечерва пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска
Вели во моментот кога биле известени за седницата таа лично немала дилема дека кога била известена дека ќе има комеморација за загинатите во Кочани треба да има приоритет наспроти се’друго.
“Кога бевме известени за седницата лично немав дилема дека овој ден треба да биде посветен на комеморативната седница и се’ друго што имав како обврски да ги откажам односно не доаѓа во предвид нешто да бие пред оваа седница.
Така што сметам дека на секој еден пратеник , бидејќи не беше само Венко Филипче отсутен имаше и повеќе други пратеници кои не беа во салата, сметам дека за секој еден местото на пратениците денеска беше во таа сала. Конкретно не знам зошто не беше Филипче на седницата , можете да прашате или во партијата, или во понеделник имаме координација и ќе се обидам да го поставам како прашање, вели Петровска.


