Петровска во посета на Командата за обука и доктрини во касарната во Велес

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, во придружба на началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, денеска беше во посета на Командата за обука и доктрини во Касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес.

За време на посетата, од страна на командатот на КОД, Васко Коколански, министерката Петровска беше информирана за задачите и активностите кои се реализираат во КОД, Планот за развој на АП „Криволак“ 2023-2028, основната обука на професионалните војници и курсевите за подофицери, како и процесот на изработка на правила, упатства и доктрини.

 Министерката Петровска го посети Центарот за симулации каде се изведуваат симулирани компјутерски асистирани вежби до ниво на бригада. Една од позначајните симулациски вежби, која е реализирана во овој центар, е вежбата Seven stars, изведена во соработка со Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG. На брифингот, Петровска беше запознаена за можностите кои ги нуди овој центар, кој може да се искористи и за симулирање на вежби за заштита на критичната инфраструктура.

Петровска ги посети и припадниците на Армијата кои во моментов се наоѓаат на Курс за први подофицери, како и дел од новопримените професионални војници кои ќе бидат во состав на родот пешадија, а кои во моментов извршуваат стручно-специјалистичка обука.

 

При денешната посета, Петровска направи и увид на реновираниот објект во велешката касарна, чија намена е сместување и изведување обука. Објектот е целосно реновиран согласно највисоките стандарди за ваков вид објекти.

17.03.2023 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега