Петровска се сретна со новиот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон

Одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство е на највисоко ниво. Двете земји продолжуваат активно и интензивно да ги развиваат националните капацитети кои се капацитети и на Алијансата, заклучија на денешната средба министерката за одбрана Славјанка Петровска и новиот британски амбасадор во земјава, Метју Лосон.

На средбата, што се одржа во Министерството за одбрана, Петровска се заблагодари за досегашната британска поддршка во однос на обуката на нашата НАТО единица, за донациите во опрема како и за долгорочната советодавна помош во развојот на одбранбените и армиските капацитети.

Амбасадорот Лосон порача дека Велика Британија останува посветена на соработката со Северна Македонија и развојот на армиските капацитети, соопштија од Министерството за одбрана.

05.10.2022 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега