Петровска до Мицкоски: Неодлучноста со Резолуцијата во ООН ја маргинализира земјата на меѓународен план

 

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицковски, кое се однесуваше на негласањето, односно недавањето поддршка на резолуцијата за мир во Украина, поддржана од ЕУ во Обединетите Нации.

-Да биде пострашно, таа не е усогласена со европските партнери и политика.pastedGraphic.pngНаместо да се движи земјата во рамките на доследна меѓународна политика, сведоци сме на импровизации кои ја ставаат Македонија во неизвесна позиција на глобалната сцена. Додека другите европски држави тактички балансираат во сложените геополитички односи, вие, со својата недоследност ризикувате да ја маргинализирате земјата во европските и меѓународните политички кругови. Негласањето ЗА европската резолуција за Украина дополнително ја разобличи оваа хаотичност. Со воздржаното гласање, Македонија се најде во несоодветно друштво со земји како Гана, Бангладеш и Замбија, рече Петровска.

Според неа, сите наши соседи и земји со слични трансатлантски врски гласаа „За“.

-Ова ја отвора дилемата: дали Северна Македонија останува на европскиот пат или се движи кон геополитичка изолација? Нешто што за ВМРО-ДПМНЕ, од минатото не е непознато. Премиере, да се гласа воздржан, значи да се нема став или да се нема стратегија. Вие изјавивте дека сте тргнале во дипломатски поход, за да му објасните на светот какви неправди и се нанесуваат на Македонија. Три пати бевте во САД, и лично јас тоа го поздравувам. За мене САД, се наш стратешки партер исто како и за вас. Има една разлика, за мене и за СДСМ, САД се наш стратешки партнер и кога сме власт и кога сме опозиција. За вас тоа не е така. И затоа, моето прашање до вас е: Дали, при вашата дипломатска офанзива во САД, го соопштивте вашиот предизборен став, дека Преспанскиот договор е предавнички и дека треба да се менува, затоа што тој беше потпишан под покровителство и поддршка на сегашниот и тогашниот претседателот на САД, господинот Доналд Трамп и дали добивте гаранција за возврат на неодлучноста која ја демонстриравте во Обединетите Нации?, рече Петровска.

27.02.2025 - 12:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега