Петров: Ние развивме протокол за безбедна кампања, ВМРО-ДПМНЕ само пропагира дека му е важно здравјето на граѓаните

 

За нас е најважно дека здравјето е пред се и за таа цел развивме протокол за заштита на здравјето при кампањата, кој предвидува иновативни начини на кампања, со средби со граѓани до 50 на отворен простор и до 30 во затворен простор со одржување на задолжителна дистанца, истакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров наАлсат.

Вели дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ само пропагира дека здравјето  им е важно.

-Од друга страна од ВМРО-ДПМНЕ редовно се слуша како пропагираат дека здравјето на граѓаните им е важно, а во Ново Лисиче организираа средба со граѓани на која се гушкаа, бацуваа, па и самиот Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ сака контакт со луѓе, нагласи Петров. Граѓаните ќе почувствуваат кој се грижи за нивното здравје а кој не, рече Петров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега