Петков сепак на 18-ти ќе дојде во Скопје
Бугарскиот премиер Кирил Петков сепак на 18-ти јануари ќе дојде во прва официјана посета на Македонија.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, терминот нема да се промени.
-По денешните консултации меѓу двете министерства за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, констатирано е дека одлуките на здравствените власти на Република Бугарија, за самоизолација на дел од Владиниот кабинет на Премиерот Петков нема да ја променат претходно договорената рамка за посетата на високата владина делегација на Скопје. Соодветно, информираме дека терминот 18 јануари, понеделник, останува како утврден датум за реализација на посетата, која се очекува да соодветствува и со изборот на новата Влада во земјава, се вели во дописот од МНР.
Инаку, Петков пред малку преку видео порака на социјалните мрежи му се заблагодари на претседателот на државата, Румен Радев бидејќи вчера на Советот за безбедност ја потврдија позицијата на Софија и се обидинија за „добрососедство“.
-Дадовме нов старт на дијалогот кој треба да се случи во следните месеци со Република Северна Македонија. Тој нов старт треба да всади важни теми за двете страни, како што се правата на Бугарите во Северна Македонија, како и за инфраструктурата, културата, евроинтеграциите, историјата. Само со труд и многу работа ние можеме да постигнеме брз напредок во нашите односи. Јас се надевам дека нашите соседи и нашата делегација во сите тие сфери ќе можат да постигнат реален прогрес, рече Петков во пораката.
Рече дека уште месецов ќе ја посети Македонија. Прво, зашто така бил редот, но најважно бидејќи сака да покаже дека без конструктивен дијалог напредок не е возможен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа