Петков ќе го тргне ветото за Македонија на 24 мај? Големи протести се организираат во Бугарија

Денеска во 17.30 часот од бугарската ВМРО излегоа на протести во Бугарија со бугарски знамиња и транспаренти со кои се побара оставка од Кирил Петков, пишува „БГНЕС“.

„Ова е митинг за предупредување. Имаме информации дека Владата на Петков ќе го тргне ветото за Македонија на 24 мај месецов. Ако се случи тоа, ќе ја блокираме цела држава“, кажа Александар Сиди од ВМРО.

Според нив, владата на Петков ја изгубила контролата со земјата и во последните месеци повеќе време потрошила на војната во Украина, отколку на внатрешните проблеми во Бугарија.

 

На транспарентите пишуваше „Киро поднеси оставка“, „Мезија, Тракија, Македонија“, „Одбрании ја Бугарија“ и „Ја закопавте Бугарија“.

11.05.2022 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега