Петков ѝ се заблагодари за Македонија за откривање на сторителот на подметнатиот пожар

 

Премиерот на Бугарија Кирил Петков на официјалната Фејсбук страница на бугарската влада го поздрави откривањето на сторителот на палењето на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков им се заблагодарил на властите во Република Северна Македонија и на премиерот Димитар Ковачевски за ефективно постапување, со што во најбрз можен рок го фатиле пироманот.

-Дефинитивно нема да подлегнуваме на провокации кои имаат за цел да ги саботираат односите со нашите соседи, пишува на фб статусот на бугарскиот премиер.

Медиумите во Софија ја пренесоа информацијата на министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер Спасовски за приведениот сторител на пожарот во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, што се случи во саботата. Медиумите ја цитираат изјавата на Спасовски дека сторителот целосно го признал делото.

07.06.2022 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега