Петков до бугарското собрание ќе го достави францускиот предлог за укинување на ветото

Премиерот на Бугарија – Кирил Петков денеска до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на Република Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската унија. Ова го сподели самиот Петков пред своите најблиски соработници, јавија бугарските медиуми.

Петков се пофалил дека е „детално запознаен со шемата како ќе се случи сето ова“: „В четврток официјално ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ, а јас лично утре ќе го испратам во парламентот“.

„Лично зад мене стојат Емануел Макрон и Олаф Шолц. Ќе го прифатиме, а потоа паѓаме и продолжуваме понатаму“.

Вчера, на самиот почеток на состанокот на Министерскиот совет, Петков го прочита неговото барање, кое беше веднаш прифатено, „предлогот на француското претседателство веднаш да биде испратен до собраниската Комисија за надворешна политика“.

16.06.2022 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа