Петкоска: Се чукавте во гради со недела неработен ден, а сега им налагате на работниците наместо 40 часа да работат 72 часа неделно

Да беше денес овде Јагода Шахпаска поранешна министерска за труд и социјала ќе ја прашав што стана со оние 92 проценти од граѓаните кои ќе одмараа во недела и колку проценти од работниците ќе можат да практикуваат семејни, но и социјални дружења, колку е горда за извојуваната битка за работничките права и недела слободен ден. Еве сега ја прашувам Јована Тренчевска како битката за работнички права мистериозно исчезна по само една година, нели нивниот труд треба да се вреднува, праша пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска на денешната собраниска расправа во врска со законските измени поради изградба на коридорите 8 и 10д.
„Кој очекувате со работна недела од 72 часа да се грижи за децата, што ќе стане со продуктивноста на работниците. Законот за работни односи ја истакнува заштитата поради родителство и работниците имаа права по тој основ, а работодавачот има обврска да го овозможи тоа. Тоа  се чукавте во гради недела слободен работен ден. По една година блесокот на еврата ги засени правата на работниците и им налагате да се одречат од своето стекнато уставно право“, рече Петкоска.
Пратеничката праша кои работници ќе ги градата коридорите, слушнавме тоа ќе биле македонските работници, а странците им давате да работат веднаш без работна дозвола.
„Како ги терате работниците да работат од утро до мрак и го злоупотребувате европското знаме. Кога станува збор за криминалот веќе ништо не ве интересира, од најдобра работа изградбата на коридорите прерасна во една од најкоруптивните зделки, експресно менувате закони кога треба да ставите народни пари во џеб,  кога станува збор за провизии ги прекршивте сите процедури“, заклучи Петкоска.
Според неа со овој неуставен закон и дискриминаторски закон се губи придобивката 8 часовното работно време која е од синдикалното движење во далечната 1876, а со ова денес поддржувате присилна работа.
Петкоска заклучи дека се гледа крајот и оти оваа тиранија ќе сопре брзо.
17.05.2023 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега