ОН: Пет милиони деца починале пред да наполнат пет години во 2021 година

 

Според податоците на ОН околу 5 милиони деца починале пред да наполнат пет години во 2021 година.

Најновите проценки објавени од Меѓуагенциската група на Обединетите нации за проценки на детска смртност (UN IGME), исто така, покажуваат дека 2,1 милион деца и млади на возраст од 5 до 24 години починале во истиот период, што е еквивалентно на една смрт на секои 4,4 секунди.

Посебен извештај на групата на ОН, исто така, покажа дека 1,9 милиони бебиња биле родени мртви во 2021 година. Многу од тие случаи можеле да се избегнат со подобра здравствена заштита, се наведува во извештајот.

„ Таква распространета трагедија која што можела да се спречи, никогаш не би требало да се прифати како неизбежна“, рече Видја Ганеш од УНИЦЕФ.

„ Напредокот е можен со посилна политичка волја и насочени инвестиции во еднаков пристап до примарна здравствена заштита за секоја жена и дете“ додаде тој.

Иако работите се подобрија севкупно од 2000 година – со глобалната стапка на смртност до пет години опадна за 50 проценти, пад од 36 проценти на стапката на смртност кај постарите деца и млади и 35 проценти намалување на мртвородените деца – „напредокот е значително намален од 2010 година“, се додава во соопштението на ОН.

ИГМЕ на ОН предупреди дека речиси 59 милиони деца и млади луѓе ќе умрат пред 2030 година доколку „не се преземат брзи мерки за подобрување на здравствените услуги“.

Извештаите, исто така, покажаа дека субсахарска Африка е одговорна за 56 отсто од сите смртни случаи на возраст под пет години во 2021 година, а децата родени во регионот се изложени на најголем ризик од детска смрт во светот.

10.01.2023 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега