Пет мигранти проселе во двор на училиште во Струмица

Полициски службеници од Полициската станица Струмица денеска во 14.45 часот во Струмица постапувајќи по претходно изготвен оперативен  план за безбедност во и околу училиштата кој се спроведува на територија на целата држава, пронашле двајца мигранти од Мароко, кои заедно со уште три лица-мигранти проселе во двор на училиште во Струмица, информира МВР.

Мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

25.11.2022 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега