Пет албански државјани повредени на патот Струга – Ќафасан

Во ОВР Струга во вечерните часови на 17 мај било пријавено дека на магистралниот пат Струга – Ќафасан се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „опел корса“ со албански национални ознаки, управуван од Л.Б. (23) од Република Албанија и автомобил „фолксваген пасат“ со албански национални ознаки, управуван од Ј.Т. (38) од Република Албанија.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.Б., неговиот сопатник Ф.Б.(39) и патникот во патничкото моторно возило „пасат“, М.Ф.(38), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле Ј.Т. и неговиот сопатник Ф.Б.(35) од Република Албанија, констатирани во Медицински центар Струга“, информираат од МВР.

 

 Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

19.05.2022 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега