Песков: Русија ќе ги издржи санкциите и ќе ја заврши целта во Донбас

 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за Си-ен-ен дека Русија планира да ги издржи западните санкции и да ја заврши својата цел во регионот Донбас во источна Украина.

Одговарајќи на прашањето за намерата на Русија да окупира делови од украинските територии во Одеса, Харков и Херсон, Песков рече дека одлуката ќе зависи од „волјата на локалното население“.

„Цел број еден е да се заштитат жителите на Донбас и Луганск од оние кои моментално го гранатираат Доњецк и убиваат цивили таму, а тоа го прават во последните осум до девет години“, рече портпаролот на Кремљ.

17.06.2022 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега