Песков најави реакција при влез на Шведска и Финска во НАТО: Тоа е закана за Русија

Кремљ соопшти дека ги следи чекорите на Финска и Шведска, кои сакаат да влезат во НАТО, па Песков кажа дека тоа е опасност за Русија.

Песков кажа дека ќе се зајакне безбедноста доколку овие две земји влезат во Алијансата

„Се разбира, ако се сеќавате, постои актуелна инструкција од претседателот и врховниот командант да се направи список на мерки за зајакнување на нашите западни крила во врска со зајакнувањето на источното крило на НАТО. НАТО влегува во нашата насока. Затоа, се разбира, сето тоа ќе стане елементи за посебна анализа и развој на неопходни мерки за балансирање на ситуацијата и обезбедување на нашата безбедност“, рече Песков.

Тој исто така истакна дека властите во земјата треба да бидат прашани зошто Финска го промени својот став и се откажа од неврзаниот статус.

„Знаете дека Финска се приклучи кон непријателските чекори преземени во рамките на ЕУ кон нашата земја. Тоа не може, а да не предизвика жалење“, додаде прес-секретарот на шефот на државата.

12.05.2022 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега