Пешевски: Македонија може мирно да спие, во репрезентацијата има мангупи

Македонските ракометари вечерва ја совладаа Швајцарија со 29:27 во третото коло од А-групата на Европското првенство во Германија.

Пивотот на македонската ракометна репрезентација, Жарко Пешевски, по вечерашната победа над Швајцарија порача дека нашата нација не треба да се грижи за иднината на националниот тим.

– Ова беше нашиот најдобар настап на ЕП. Даваме максимум. Македонија може мирно да спие, во репрезентацијата има мангупи. Работевме 25 дена заедно и еве тоа даде резултат. На теренот изгледавме како еден тим. Заслужено победивме. Голема благодарност до сите што дојдоа да не бодрат, до цела Македонија за поддршката, изјави Пешевски.

Македонските ракометари вечерва ја совладаа Швајцарија со 29:27 во третото коло од А-групата на Европското првенство во Германија.

Нашата репрезентација ЕП го завршува на 3.место во групата и обезбеден пласман во групата носители за следните квалификации за Светското првенство во 2025 година. 

16.01.2024 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега