Пешак тешко повреден во Битола

61-годишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера се случила во Битола.

-Вчера во 14.40 часот на крстосница од ул.„Козјак“ и ул.„Караорман“ во Битола, патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(48) од Битола, удрило во пешак Х.Р.(61) од Битола. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани  во Клиничка болница Битола, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош, се вели во полицискиот билтен.

 За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2020 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега