Close Menu
Press24
    Најново

    4 знаци на неуредна жена: тврди Кристијан Диор

    12.03.2026 во 23:41

    Петровска за 24 Анализа: Местото на сите пратеници меѓу кои и на Филипче денеска беше во Собранието

    12.03.2026 во 23:17

    Најлошиот петок 13-ти по 45 години

    12.03.2026 во 22:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 4 знаци на неуредна жена: тврди Кристијан Диор
    • Петровска за 24 Анализа: Местото на сите пратеници меѓу кои и на Филипче денеска беше во Собранието
    • Најлошиот петок 13-ти по 45 години
    • Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата
    • Нетанјаху призна: Израел стои зад ликвидацијата на врвните ирански нуклеарни научници
    • Костадиновски: Да не се кратат платите- туку да се расчисти со судиите и обвинителите кои го валкаат образот на фелата
    • 15-годишно момче пукало со пиштол кон врсник во Скопје, другар му само фрлал камења
    • Вашингтон на „тенок мраз“: Како САД ќе одговорат на последната ескалација со Иран?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Перински: Спроведени процеси од исклучителна стратешка важност што ја менуваат реалноста на локалната самоуправа

    Перински: Спроведени процеси од исклучителна стратешка важност што ја менуваат реалноста на локалната самоуправа

    11.12.2025 во 12:514 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Денеска се одржа седмата по ред Годишна конференција за локална самоуправа и децентрализација „Визија за реформи за одржлив развој и достапни услуги за граѓаните“, која веќе традиционално ги обединува сите засегнати страни секоја година, служејќи како платформа посветена на постојано подобрување на процесот на децентрализација.

    Оваа година е од особено значење, бидејќи конференцијата се одржува во присуство на неодамна избраните градоначалници, кои носат нова енергија, визија и очекувања за унапредување на локалниот развој.

    „Нескромно сакам да кажам дека резултатите на локалните избори се потврда на Владината политика за силна поддршка на општините што ја започнавме уште на почетокот на владиниот мандат. Ако направиме ретроспектива на изминатиот период, јасно е дека зад нас стојат процеси од исклучителна стратешка важност, процеси што ја менуваат реалноста во областа на локалната самоуправа и создаваат основа за долгорочен развој.“ истакна Перински.

    На настанот еден од говорниците беше и Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кој во своето обраќање ја истакна важноста од забрзување на дигиталните процеси. „Кога зборуваме за децентрализација, не зборуваме само за пренос на надлежности и ресурси. Зборуваме за тоа како на граѓаните да им обезбедиме брза, едноставна и предвидлива услуга, без разлика дали живеат во Центар на Скопје или во најмала рурална општина.“ изјави Андоновки.  

    Во изминатите години, Владите на Швајцарија и Шведска претставуваат најзначајните партнери и поддржувачи на процесите на децентрализација и одржлив локален развој.

    Амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер во воведното излагање истакна дека „Локалните самоуправи, бидејќи се најблиску до луѓето, се во најдобра позиција да ги прилагодат јавните услуги за да ги задоволат потребите на заедницата, поефикасно да ги распределат ресурсите, да го поттикнат локалниот приватен сектор и да поттикнат активно граѓанско учество. Децентрализацијата е во срцето на швајцарскиот политички систем и, имајќи го предвид нашето искуство, соработуваме со Северна Македонија во рамките на нашата програма за соработка, за понатамошно подобрување на децентрализираното управување.“

    Амбасадорот на Шведска Ола Сулстром, ја истакна важноста на пренесените надлежности на општинско ниво да бидат проследени со соодветно финансирање и технички капацитет. Тој се осврна на шведската техничка поддршка преку која општините успеаа да мобилизираат речиси 15 милиони евра за инвестиции во инфраструктурата.  Воедно, изрази надеж дека со напорите на Министерството за локална самоуправа да ги институционализира алатките со кои се постигнаа овие резултати ова ќе биде само мал дел од целосниот потенцијал на проектот.

    Конференцијата е организирана од страна на Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и поддржана од Швајцарската Влада.

    „Нашата посветеност на локалната самоуправа е очигледна во опипливите резултати кои произлегуваат од проектите кои ги имплементираме со сите општини во земјата, во текот на повеќе од 20 години, благодарение на нашите донатори како Швајцарија и Шведска и соработката со Министерството за локална самоуправа.“ изјави Ана Чернишова, заменичка на Постојаниот претставник на УНДП.

    Презентација на тема „Ретроспектива на тековните ангажмани и планот за иднината на локалната самоуправа“ имаше државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Јулијана Павковска Боцевска, која истакна дека „Во изминатата година покажавме силна волја и посветеност за реализација на клучни промени во насока на унапредување на локалниот развој. Побаравме применливи меѓународни практики кои веќе ги имплементираме. Низ широк инклузивен процес, со вклученост на сите засегнати страни, сите активности на министерството ги димензиониравме како одговор на потребите и барањата на граѓаните.“

    Преку две панел сесии и четири презентации се отвори дискусија на суштински теми – видици за унапредена децентрализација и локално управување и надградба на локалниот развој преку иновативни и квалитетни услуги за граѓаните, годишниот извештај за финансирањето на општините за 2024 година, истражување за задоволството на граѓаните од локалните услуги за 2025 година и платформата за интероперабилност – со учество на градоначалници, општински советници, претставници на администрацијата, експерти и практичари.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10

    ФОТО: Си замина мирно во сон – Последната фотографија од актерот Кили

    12.03.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.