Close Menu
Press24
    Најново

    Утре без струја неколку скопски улици во Ѓорче, Карпош и во Козле

    11.03.2026 во 23:44

    Андоновски: Македонскиот бизнис има огромен потенцијал за раст ако вложи во своја дигитализација

    11.03.2026 во 23:22

    Георгина се спакува и го напушти семејниот дом

    11.03.2026 во 23:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре без струја неколку скопски улици во Ѓорче, Карпош и во Козле
    • Андоновски: Македонскиот бизнис има огромен потенцијал за раст ако вложи во своја дигитализација
    • Георгина се спакува и го напушти семејниот дом
    • Дарко Лазиќ: Изгубив половина од моето срце
    • ДУИ: Итна оставка од Костадиновски
    • ФФМ ја казни Шкендија со 5.000 евра
    • Тренчевска: Цените растат, власта не го штити животниот стандард на граѓаните
    • Дарко се онесвестил кога дознал за смртта на братот, неколку часа претходно заедно пиеле кафе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Перински од Струмица: Локалниот развој не е политика – туку одговорност кон граѓаните

    Перински од Струмица: Локалниот развој не е политика – туку одговорност кон граѓаните

    12.11.2025 во 13:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во рамки на иницијативата „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари средба со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков и претставници на Советот на општината.

    На средбата се разговараше за клучните активности на Министерството, тековните и идните развојни проекти на општината, како и за можностите за поддршка со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

    Министерот Перински го претстави Прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“, подготвен во рамки на воспоставениот Ресурсен центар. Прирачникот претставува практичен документ наменет да им помогне на новоизбраните градоначалници во првите месеци од нивниот мандат, со јасни чекори и насоки за полесно и поефикасно водење на клучните процеси во општините. Министерот најави дека истиот ќе биде доставен до сите градоначалници.

    Во однос на распределбата на средствата за проекти тој нагласи „Она што е клучно и што сакам да го напоменам е дека оваа Влада се води исклучиво врз основа на реалните потреби на граѓаните, а не врз политичка припадност на градоначалникот. Преку потпрограмата АА за инфраструктурни проекти во општините, Струмица доби 12 проекти во вкупна вредност од 335.482.797 денари.“ .

    Во рамки на посетата беше извршен и увид на реализацијата на проектот G-pact од првиот повик на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) ИПА помеѓу Бугарија – Северна Македонија Приоритет 1: Позелен пограничен регион, кој има за цел намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на урбаното живеење.

    Вкупната вредност на проектот за Општина Струмица изнесува 391.918 евра, од кои 15% се кофинансирани од Министерството за локална самоуправа.

    Со проектот се воспоставува нов зелен јавен простор со вкупна површина од 12.712 м², со современ парк наменет за рекреација, урбана опрема, пешачки патеки, мал отворен амфитеатар за деца и фотоволтаичен систем за енергетска ефикасност.

    „Ова е само почеток. Во наредните месеци ќе продолжиме со ваков тип активности што создаваат квалитетни јавни простори, зеленило и инфраструктура во сите делови на градот и населените места,“ изјави Јанков.

    Министерството за локална самоуправа продолжува со средби и поддршка на општините во насока на рамномерен и одржлив локален развој.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:24

    Дарко Лазиќ: Изгубив половина од моето срце

    11.03.2026 во 22:51

    Случај „Онкологија“: Вештак открива хаос – за 50 пациенти воопшто нема медицинска документација

    11.03.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.