Пензионерите добија по 2.500 денари поголеми пензии

 

 Пензионерите денеска ќе добијат пензија за септември со зголемен износ за 2.500 денари, а уште едно линеарно зголемување во износ од 2.500 денари треба да имаат со мартовската пензија. Линеарното покачување на пензиите, што е предизборно ветување на новата Влада, е првпат по неколку години. Досега пензиите се усогласуваа со растот на платите и трошоците на живот.

Собранието на 12 септември ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се овозможи линеарно зголемување на пензиите. Законските измени беа донесени со 78 гласа „за“, по скратена постапка. 

За исплата на пензиите до крајот на годинава со ребалансот на Буџетот се обезбедени дополнителни пет милијарди денари. Од тој износ, 2,5 милијарди денари се средства кои се трансферираат дополнително во Фондот за пензиско осигурување заради реализација на најавеното линеарно зголемување.

Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување,  во август годинава е исплатена пензија на 340 709 лица. Просечната пензија изнесува 21.217 денари.

Од вкупниот број пензионери,  24 894 примаат пензија со износ до 13.192 денари. Примањата на 118 306 пензионери се движат од 13.192 до 16.909 денари, на  81 081 од 16.910 до 22.500 денари, на 40 056 од 36.615 до 57.481 денар,  а 2,957 над 57. 481 денар

01.10.2024 - 08:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега