Пензионер прегазен во Прилеп

Прилепчанец се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил.

-На 07.10.2020 во 22:10 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Генерал Васко Карангелески“ и „11 Октомври“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.У.(43) од Прилеп, удрило во пешакот Л.П.(66) од Прилеп. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2020 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега