Пенков: Ова е Влада на постојан грабеж и епохални скандали

Дебатираме за разрешување на министри, и очигледна е целта  само да се купи ден повеќе и да се опстане на власт, рече Златко Пенков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за разрешување на министри. Тој укажа дека со разрешување на министри и реконструкција на Владата нема да се направи ништо и оти е потребно да има избори. Ова, рече тој, е само смена на една партија со друга.

“Владата не даде ниту еден позитивен резултат во ниту еден сегмент. Премиерот рече ова општество треба да биде општество на сите, но излезе дека е општество на еднакви граѓани во кое припадниците на ДУИ и СДСМ се подеднакви. На сметка на грбот на граѓаните само се богатат. Ова е Влада на континуиран грабеж“, посочи тој.

Пенков укажа дека партиите кои ја предводат власта може да се наречат како СДСМ - нафта или обратно ДУИ - нафта, СДСМ – струја.

„Нив ги интересираат само бизнисите, нивните бизниси со струја, нафта и слично“, укажа Пенков.

Пенков се осврна и на работата на министерството за здравство за чиј министер се дебатира

„Ако нема пари за лек, се знае која е постапката се поднесува оставка“, посочи Пенков.

Пенков заклучи дека во оваа Влада ќе остане запаметена по епохални скандали.

16.02.2023 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега