Пендаровски: За неполни пет часа собрани се 10.000 потписи - ви благодарам за поддршката

Актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат на претстојните избори, Стево Пендаровски обзнани дека веќе ги собрал потребните 10.000 граѓански потписи за неговата кандидатура.

-Во рекордно време, за неполни пет часа собрани се 10.000 граѓански потписи за поддршка на мојата кандидатура за втор мандат. Ви благодарам на сите граѓани кои ја дадовте вашата поддршка. Продолжуваме со собирање на потписи и во наредните часови и денови, вели Пендаровски.

Претходно, Press24 објави дека за четири часа неговата противкандидатка, Гордана Силјановска Давкова собра 15.000 потписи.

03.03.2024 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега