Пендаровски утре и задутре во официјална посета на Хрватска
Претседателот Стево Пендаровски утре и задутре ќе престојува во дводневна официјална посета на Хрватска.
Шефот на државата утре во Загреб со државни и воени почести ќе биде пречекан од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата шефови на држави и пленарен состанок на делегациите на двете земји.
Шефот на државата Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ и со пемиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.
В четврток, претседателот Пендаровски ќе се обрати на билатерална деловна средба – со фокус на инвестиции, која се организира во соработка со Хрватската трговска комора, а на која ќе присуствува и македонска бизнис делегација.
За време на официјалната посета на Хрватска, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа