Пендаровски свика седница на Советот за безбедност
Утре со почеток во 11:00 часот во Кабинетот на претседателот ќе се одржи 17-та седница на Советот за безбедност.
На дневен ред на седницата ќе биде енергетската криза во Македонија и мерки за нејзино надминување.
На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши.
По завршувањето на седницата на Советот за безбедност ќе следaт изјави на претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа