Пендаровски повторно ќе се кандидира за претседател, ги повика граѓаните за поддршка


Претседателот Стево Пендаровски денеска на прес конференција изјави дека изминативе денови добил јавна поддршка за номинација за втор мандат од граѓани, дел од нив јавни личности, универзитетски професори, културни работници, луѓе кои го познаваат, но, и не мал број на оние кои лично не го познаваат, воедно им се заблагодари за довербата и поддршката која ја имаат кон него. 

Пендаровски побара широка граѓанска поддршка за неговата кандидатура и ги повика граѓаните да ја поддржат преку потписи.

Како што најавив поодамна, станува збор за граѓанска кандидатура и поради тоа ги повикувам сите граѓани, понувајќи од трети март, недела, да дадат подршка за мојата кандидатура со давање на потписи во подрачните единици на ДИК, рече Пендаровски. 

Пендаровски најави дека во недела ќе присуствува и на Конгресот на СДСМ, а освен од владејачката, очекува поддршка и од 12 други политики партии.

„На 3 март, во недела, според информациите, очекувам СДСМ да ја формализираат својата поддршка за мојата кандидатура, а, веднаш потоа, од понеделник тоа да го направат и најмалку 12 политички партии од таа коалиција.   Во недела ќе присуствувам на конгресот на СДСМ во тој дел, да се заблагодарам на поддршката, а од понеделник ќе имам средби со сите 12 политички партии кои најавија поддршка за мојата кандидатура, од кои ќе сакам да слушнам предлози кои би можел да ги вградам во мојата изборна програма“ порача Пендаровски.

01.03.2024 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа