Пендаровски по средбата со ОМО Илинден: Се сретнав со граѓани од Република Бугарија

„Средба со претставници на ОМО „Илинден“ и претставници на неколку други здруженија на граѓани од Република Бугарија. Разговаравме за нивната работа и активности во областа на човековите права, промовирање на толеранција и градење на граѓанско општество“, информираше шефот на државата Стево Пендаровски преку социјалната мрежа Фејзбук.
 
„Северна Македонија е насочена кон развивање на добрососедски и пријателски односи со Република Бугарија, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави од 2017 година“, додаде претседателот Пендаровски во постот на Фејзбук.

 

28.01.2022 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа