Пендаровски: Не успеав да ги спојам Мицкоски и Ковачевски ниту заедно да гледаат фудбал
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во вечерашното гостување на Канал 5 ТВ истакна дека бил длабок јазолот помеѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски.
Тој бил толку длабок како што вели, што нему не му успеало, ниту да ги собере на неформално дружење, заедно да го следат фудбалскиот натпревар Македонија-Португалија.
Од опозицијата му одговорија дека веќе имаат договорено гледање фудбал на друга локација. Ако не можете да договорите заедничко гледање фудбал, како тогаш ќе договорите средба за решавање политички прашања, изјави претседателот Пендаровски.
05.05.2022 - 21:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа