Пендаровски: Не се нарушени односите меѓу мене и Владата
По катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово, претседателот на земјава, Стево Пендаровски изјави дека тој не би чекал секунда и би дал оставка од морални причини.
Токму тоа беше причина да започнат шпекулации дека се нарушени неговите односи со Владата. Пендаровски се огласи и стави крај на шпекулациите:
„Иако тоа треба јавноста да го проценува, мојот став е дека во изминативе 28 месеци со Владата не сме имале ниту едно разидување околу стратешките прашања - евроинтеграциите, надворешната политика, безбедноста или меѓуетничките односи. Иако во неколку наврати сме имале различни мислења за одредени законски проекти или за случаи на прекршување на правото од носители на високи функции, тоа се нормални работи кога имате кохабитација меѓу демократи. Да бидам уште попрецизен - за овие, скоро две и пол години, никогаш не сум добил ни јавна ни приватна забелешка од Владата за одредени мои изјави и постапки. Поинаку и не може да биде, затоа што со клучните луѓе во Владата, на чело со премиерот Заев се познаваме долги години, и имаме поминато ‘сито и решето’ и на улиците, и во институциите, во борбата за подобар живот“, изјави за Дојче Веле претседателот на државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа