Пендаровски: Најостро го осудувам палењето на културниот центар на бугарската заедница
Македонскиот претседател Стево Пендаровски експресно реагираше на социјалните мрежи откако беше опожарен културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.
Непознати сторители го запалиле влезот на културниот центар, при што изгорела плочката која го пишува името на објектот.
„Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија.
Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки, да се откријат и санкционираат сторителите“, напиша Пендаровски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа