Пендаровски контра Османи: Нема потреба од промена на Уставот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 изјави дека Бугарите во земјава треба да се чувствуваат како слободни граѓани, кои ќе ги имаат сите права.

-Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот, вели Османи.

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за „Слободен печат“ изјавија дека тој не гледа потреба од какви било измени на Уставот. 

– Такво нешто ниту е побарано од бугарска страна, ниту претседателот очекува воопшто да се случи затоа што усвојувањето и евентуалните амандмани на Уставот се исклучиво наше суверено право и надлежност. Во овој момент, претседателот не гледа никаква потреба за какви било измени на Уставот, велат од Кабинетот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2021 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега