Пендаровски ќе го разгледа законот за дивоградби, па ќе одлучи дали да го потпише указот

Законот за дивоградби што вчера го изгласа Собранието денеска е доставен до претседателот на државата, потврдија од кабинетот на Пендаровски. Како што информираат од кабинетот, претседателот ќе го разгледа, по што ќе донесе одлука дали ќе го потпише Указот.

„Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, денеска е доставен  од Собранието на Република Северна Македонија. Претседателот Стево Пендаровски ќе го разгледа  текстот на законот по што ќе донесе одлука и навремено ќе ја информира јавноста“, соопштија од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега