Пендаровски ја прими Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам, која престојува во работна посета на Република Северна Македонија.
На средбата, Пендаровски ја поздрави посетата на специјалната известувачка на ОН за човекови права и антитероризам, којашто е фокусирана на активностите коишто ги презема Северна Македонија со цел репатријација, гонење, реинтеграција и рехабилитација на нашите државјани, повратници од североисточна Сирија, како и враќање, рехабилитација и реинтеграција на странски борци, жени и деца кои имаат наводни врски со одредени терористички групи.
Пендаровски изрази задоволство од соработката со Комисијата за човекови права на Обединетите Нации и нивната поддршка, експертиза во однос на законските решенија и политики за борба против тероризмот, истовремено обезбедувајќи заштита на човековите права и слободи.
Извештајот за Северна Македонија со наоди и препораки ќе биде презентиран пред Советот за човекови права во март 2024 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа