Пендаровски ја поддржа Шведска за влез во НАТО

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон која го информираше за одлуката на Кралството Шведска да поднесе барање за членство за прием во НАТО.

Во таа прилика, Пендаровски ја поздрави оваа одлука на Шведска карактеризирајќи ја како одлука на суверена држава која има право на тоа, и додаде дека нашите државни позиции се во поддршка на политиката на отворени врати на НАТО, соопшти кабинетот на Пендаровски.

Соговорниците разменија информации во однос на динамиката на процесот на пристапување во Алијансата, при што претседателот Пендаровски истакна дека со полноправното членство на Шведска во НАТО, одличните билатерални односи ќе добијат на уште посилен интензитет преку идното сојузништво во Алијансата.

17.05.2022 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега