Пендаровски: Денеска имам намера да ги побарам Заев и Мицкоски, бидејќи мислам дека време за губење немаме

Контактирам секој ден со политичките лидери, особено со овие кои имаат најголеми разлики околу избориот на датумот. Практично мислам дека нема ниту еден ден од последен пат кога се видовме по истиов овој повод, претходната вонредна. Денеска имам намера, веднаш по завршувањето на оваа прес-конференција да ги побарам Заев и Мицкоски, бидејќи мислам дека време за губење немаме. И да повторам, ако разликата помеѓуу двата тие различни политички блока, зборувасм за два главни кои имаат разлики, се разбира дека има и други политички партии и коалиции кои се значајни и релевенатни, еднакво ги третирам сите нив, меѓутоа тие не се разликуваат од овие два политички блока, ако тие навистина се разликуваат само во најшироката верзија на толкување, ако се разликуваат две недели, а според некои други информации една недела , јас навистина мислам дека треба да се издигнеме сите ние над овој момент кој е многу сериозен, многу комплексен, мислам дека треба да се најде решение, бидејќи не станува збор за месеци или годиник, туку 8 до 15 дена разлика меѓу двата политички блока, кажа претседателот на Македонија, Стево Пендаровски на денешната прес-конференција.

-Мислам дека нема да има потреба од лидерска средба затоа што колку што јас знам позицијата на другите лидери, или се дел од нив во Влада или сеедно, ако сакате можам и човек по човек да ви кажам кој што мисли, мислам дека или се за 5. јули или се за 19. јули - кажа Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2020 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега