УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија, ова утро во осум часот. Од рано наутро, температурата во Кавдарци е 26 степени, со што е најтопол град.

На Попова Шапка се измерени 18 степени, а тоа е најниската температура утрово во осум часот во Македонија.

Во Скопје во осум часот УХМР измери 24 степени.

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од 14 до 24 степени, додека максималните ќе достигнат од 32 до 40 степени.

УХМР

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 22 степени, а дневната ќе достигне до 40 степени.

И во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. На места температурите ќе достигнуваат до 40 степени, а високите температури ќе се задржат и во текот на ноќта.

Во четврток и петок се очекува зголемување на нестабилноста, со услови за појава на пороен дожд и грмежи.

Exit mobile version