Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пеколни штети во Франција: Топлотните бранови ќе ја чинат економијата меѓу 10 и 15 милијарди евра

    Пеколни штети во Франција: Топлотните бранови ќе ја чинат економијата меѓу 10 и 15 милијарди евра

    12.08.2026 во 20:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    оплотните бранови што ја погодија Франција во изминатите неколку месеци би можеле да предизвикаат директни и индиректни економски загуби во вредност од 10 до 15 милијарди евра, изјави француската министерка за животна средина Моник Барбју, повикувајќи се на најновите проценки на Националниот институт за статистика и економски истражувања (ИНСЕЕ).

    Барбју предупреди дека периодот на екстремни горештини сè уште не е завршен и дека последиците по економијата и понатаму акумулираат трошоци.

    „За споредба, сушата во 2022 година предизвика директни и индиректни трошоци од околу 5,6 милијарди евра. Сепак, годинашните топлотни бранови траат значително подолго и се со поголем интензитет, проследени со обемни шумски пожари и сериозен пад на земјоделското производство“, истакна министерката.

    Таа додаде дека продолжената суша во Франција веќе остави повеќе од 40.000 луѓе со ограничен пристап до питка вода.

    Според проценките на водечки економисти и научници, рекордните температури и сушата во Европа ова лето би можеле да предизвикаат вкупни загуби од стотици милијарди евра на ниво на целиот континент. Екстремните временски појави поврзани со глобалното затоплување сериозно го нарушуваат функционирањето на енергетскиот сектор и речната пловидба, драстично го намалуваат земјоделскиот принос и вршат огромен притисок врз националните здравствени системи.

    Големите шумски пожари дополнително ги зголемуваат материјалните штети, создавајќи ризик ова лето да стане најтешката сезона со екстремни временски непогоди во Европа откако се води официјалната статистика

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.