Пеколни сцени од Русија: Бројот на жртвите во експлозијата се искачи на 35, повредени и деца
Бројот на загинати во експлозија на бензинска пумпа во Махачкала, главниот град на руската република Дагестан, се искачи на 35, јавија руските медиуми, повикувајќи се на итната помош.
Прес-службата на Министерството за здравство на Русија соопшти дека во болниците во Махачкала има 63 лица, меѓу кои 16 деца, пренесува РИА. Во тешка состојба се 11 повредени, меѓу кои и две деца. Уште 17 лица добиле медицинска помош во клиниките.
На периферијата на Махачкала вчера вечерта се запалил сервис за автомобили, пожарот се проширил на бензинска пумпа, а потоа дошло и до експлозија.
Експерти од водечките клиники на Министерството за здравство на Русија пристигнаа во Дагестан со специјален лет на Министерството за вонредни ситуации и на лице место вршат консултации и одлучуваат дали има потреба дел од повредените да бидат пренесени на лекување во Москва.
Властите најавија дека семејствата на загинатите ќе добијат по еден милион рубљи.
Во Дагестан 15 август е прогласен за ден на жалост.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа